• mk.gif МКД
  • en.gif ENG
  • ПВЦ и стреч фолии за храна и палетизирање

    ПВЦ – фолиите се наменети за машинско пакување на прехрамбени и непрехрамбени производи. Фолијата може да биде во ракав или полу ракав, во зависност од потребата, а се користи за автоматско, полуавтоматско или рачно пакување.
    КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТЕРМОСОБИРАЧКАТА ФОЛИЈА - Фолијата е наменета за пакување на прехрамбени и непрехрамбени продукти. Фолијата се карактеризира со одлична провидност и растегливост. Стреч фолијата за храна се карактеризира со одлична растегливост и постојаност при надворешни влијанија. Се употребува за производи врз кои надворешните услови имаат влијание. Со употребата на стреч фолијата свежината и чистината на производот остануваат исти, а надворешните услови како влага, инсекти, прав и слични несакани последици неможат да нанесат никакво оштетување. Стреч фолијата за палетизирање се коисти при заштита на товари, кои се лесно кршливи или кои можат да се оштетат при транспорт и складирање. Стреч фолијата се користи за рачно или машинско палетизирање. Позитивни страни се тоа што товарот се обвиткува заедно со палетата што значи дека не постои можност за растурање на товарот, нејзината провидност – продуктите можат лесно да се видат и избројат. Во прилог на тоа ги имаме и машините за пакување со стреч фолија кои што ќе ви ја олеснат работата, а трошоците ќе ги сведете на минимум. ПВЦ термособирливата фолија се користи за пакување на храна со што видно ја зачувува свежината, го продолжува рокот на траење и ги елиминира сите закани кои што доаѓаат од надворешните влијанија, како влага, прав инсекти и сл. Се користи за машинско пакување, а дебелината варира во зависност од вашите потреби.